ЕБР и „Волците” реализираа заедничка вежба за летна алпинистика и јазење (галерија)


Припадниците на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) на МВР реализираа вежба од областа на летна алпинистика и јазење заедно со припадници на Баталјонот за специјални сили „Волци” при Армијата на Република Северна Македонија.

Вежбата со сценарио „Спасување на повредени лица од тешко прооден карпест предел” е реализирана на полигонот за летна алпинистика и јазење во Демир Капија.

Претходно припадниците на ЕБР имале обуки од „Волците“. (Мета)