Е-работилница за годишните финансиски сметки на македонската економија
Народна банка денеска организира е-работилница за новинари посветена на статистичките податоци за годишните финансиски сметки на македонската економија.
На работилницата, според најавите, ќе се обрати гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска по што ќе бидат презентирани статистичките податоци.
Народната банка започна со објавување на овие податоци кон крајот на минатата година. Податоците се изработени согласно меѓународните и европските статистички стандарди и се однесуваат на состојбите на финансиските средства и обврски по финансиски инструменти и подинструменти за секој институционален сектор и потсектор на националната економија, како и на секторот странство.