Џоли ја посети Белата куќа како активистка

САД– Актерката Анџелина Џоли имаше два настапи во Белата куќа оваа недела за да го истакне Законот за насилство врз жените.
Актерката, хуманитарка и активистка се сретна со секретарот за печат на Белата куќа, Џен Псаки, за да разговараат за повторното овластување на VAWA, закон за кој се залага претседателот Џо Бајден.
Псаки вчера на Твитер објави дека се сретнала со „неуморната и посветена“ Џоли за повторно ставање на дневен ред на законот „кој се бори за жените, децата и семејствата ширум светот“.
Според Си -Ен -Ен, Џоли во просториите за новинари во Белата куќа разговарала со новинарите зошто смета дека овој закон е толку важен.
„Тоа е здравствена криза, што се случува“, рече таа. „И тоа ќе се реши ако гледаме на тоа како на здравје и на семејствата и ако инвестираме … Семејствата се загрозени, особено децата и раната грижа и превенција е многу важна“.
Џоли за посетата на Белата куќа облече блуза без ракави и бело миди здолниште со брендирана чанта, а за состаноците црн костум со здолниште.
Џоли, како специјална пратеничка на УНХЦР, на вториот ден во Вашингтон се сретна и со сенаторите за да продолжат да се залагаат за правата на жените и децата и здравјето во семејствата. Таа на состаноците ќе зборува за важноста на повторното овластување на VAWA, реформите на ФБИ, судската обука и здравствениот капитал, вклучувајќи непристрасно собирање форензички докази “, објави Си-Ен-Ен.