Џенифер Лопез како балерина највпечатлива на Американските музички награди
САД– Џенифер Лопез донесе гламур со стилот на балерина на Американските музички награди. Додека ја изведуваше својата нова песна „On My Way“ на настанот, поп-ѕвездата и актерка на главата имаше шапка во облик на ружа со превез со кристали , во сатенска тоалета на Долче и Габана . Тоалетата имаше корсет сличен на тие што ги носат балерините, како и миди здолниште од тул . Со нејзината коса обликувана во мазна пунџа и нагласена со дијамантски обетки од Месика, Џеј Ло на сцената ја донесе елеганцијата на примабалерина.Вклучително и сатенските чизми до глужд.

Американските музички награди им оддаваат чест и на етаблирани и независни музичари, како и на оние кои собориле рекорди во текот на годината. Годинешниот настан, чиј домаќин е Карди Б, ќе се одржи во театарот Мајкрософт во Лос Анџелес, Калифорнија. Оливија Родриго има најмногу номинации – седум, а потоа следат уметници како The Weeknd, Doja Cat, Giveon и Bad Bunny. За разлика од минатите церемонии, на TikTok веќе се објавени неколку награди за Ед Ширан, Лил Нас Икс и Тејлор Свифт.
