„Џејмс Бонд“ ќе се прикажува во кината и откако Амазон го купи МГМ, велат продуцентите


САД- Филмовите за Џејмс Бонд ќе останат во кината и откако американската компанија за електронска трговија Амазон го купи филмското студио МГМ за 8,45 милијарди долари, кој ја поседува франшизата , велат продуцентите за „Варајати“.

 „Ние сме посветени да продолжиме да снимаме филмови за Џејм Бонд за светската кино публика“, изјавија продуцентите Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон, кои ја водат компанијата „Еон Продукција“ со седиште во Лондон, во изјавата за „Варијати“.

Франшизата Џејмс Бонд нашироко се смета за скапоцен камен во круната на филмско студио МГМ, и со продажбата Амазон, ќе ја искористи богатата историја на студиото, како и огромниот каталог со 4.000 филмови и 17.000 ТВ серии за да го зајакне бизнисот на филијалата Амазон студио. Филмовите со Бонд заработија скоро 7 милијарди долари на бокс-офисот на глобално ниво, според МГМ.

Следниот филм за Џејмс Бонд, „”No Time to Die,” “, треба да се појави во киносалите во септември по повеќе одложувања поради пандемијата што ги затвори киносалите ширум светот.

Тоа ќе биде петта и последна улога на Даниел Крег како британски таен агент. Новиот актер на Бонд сè уште не е објавен.