Двеста гости, венчаница на Оскар де ла Рента: Ова се деталите за свадбата на Безос и Санчез


Веста за големата венчавка на поранешната телевизиска водителка и новинарка Лорен Санчез (55) и основачот на Амазон Џеф Безос (61) во Венеција сега е и официјално потврдена, откако градоначалникот Луиџи Бруњаро објави дека таа ќе се одржи во неговиот град и дека се е договорено за церемонијата на која ќе се соберат двесте гости, пренесува Дејли Мејл.

Венчавката, наводно, треба да се одржи помеѓу 24 и 26 јуни, но тој ниту го потврди ниту демантираше ова, но Венеција ќе биде подготвена за пристигнувањето на холивудската елита и некои од највлијателните луѓе на денешницата, вклучувајќи ги Иванка Трамп, Гејл Кинг, Ким Кардашијан, Крис Џенер, Кети Пери, Ева Манхри и други. Бројката од „само“ двесте гости го изненади градоначалникот Бруњаро, кој за италијанските медиуми изјави дека неговиот град е навикнат на поголеми настани.

Само двесте?!

Оваа информација донекаде ги изненади и фановите на двојката, кои на социјалните мрежи коментираа дека очекуваат минимум четиристотини гости, со оглед на тоа што Безос е вториот најбогат човек во светот, со проценета нето вредност од 328 милијарди евра.

„Работиме заедно и ги поддржуваме организаторите за да се осигураме дека настанот ќе биде целосно усогласен со нашиот единствен град. Се шират многу шпекулации и лажни вести кои се целосно неосновани“, рече градоначалникот, додавајќи дека нивен главен приоритет е да обезбедат градот да функционира нормално, за сите, без ненормални промени за никого.

Венеција всушност е веќе навикната да организира големи настани со толпа познати личности, како што е Венецискиот филмски фестивал, на кој присуствуваат најголемите ѕвезди.

„Венеција е навикната да биде сцена за настани и претстави секоја недела, без тие значително да влијаат на градот и неговите граѓани“, велат од градот.

Планерот за венчавки на Лорен и Џеф веќе резервирал луксузни хотелски соби, гондоли и водени такси за нивниот голем ден, а според Дејли Меил, самата церемонија наводно ќе се одржи на нивната јахта Кора во венецијанската лагуна вредна 462 милиони евра, а за дизајнот на венчаницата е задолжена американската модна куќа Оскар де ла Рента,иако двојката, деновиве, наголемо купуваше во Долче и Габана. 

Исто како и Клуни

Една од најгледаните венчавки во Венеција беше онаа на актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга, адвокатката Амал Клуни, на 27 септември 2014 година, која траеше неколку дена и беше прогласена за свадба на деценијата.

Свечената церемонија се одржа во луксузниот хотел Аман Канал Гранде Венеција, сместен во историска палата од 16 век, додека самата венчавка се одржа малку подоцна – на 29 септември во Палацо Кавали, градското собрание на Венеција, каде што официјално станаа маж и жена. На венчавката присуствуваа бројни познати гости, поточно 150, меѓу кои и Мет Дејмон, Синди Крафорд и Ранде Гербер, кој беше кум на актерот, како и Бил Мареј, Емили Блант, Ен Винтур и многу други.