Две руски ученички запалиле 200 тони слама, сакале да снимаат видео за „Тик-ток“


 

Две девојчиња од Русија запалиле речиси 200 тони слама, предизвикувајќи голема штета, додека се обидувале да снимат видео за „Тик-ток“.

Полицијата во раните утрински часови во саботата соопшти дека огнот бил вон контрола откако се запалени делови од сламата.

Велат дека изгореле 195 тони слама во рурално подрачје недалеку од градот Перм, на околу 1.200 километри источно од Москва.

ДВете ученички побегнале откако нивните обиди да го изгаснат огнот бил неуспешен. По кусо време признале пред полицијата дека снимале видео за „тик-ток“ кога се случил инцидентот.

Властите им рекле дека покрај тоа што нанеле штета, ги ризикувале и своите животи обидувајќи се да снимат видео.