Две деца на Флорида со калашников пукаа по полицајци


 

Две деца кои избегале од малолетнички дом во Флорида, провалиле во куќа и пукале со калашников на полицајците кои дошле да интервенираат, соопштија американските власти.

Се работи за момче и девојче на возраст од 12 односно 14 години, кои оружјето го пронашле во куќата во која провалиле.

Девојчето е рането откако вперила оружје кон полицајците, а мочето го спуштило оржјето па не е повредено.

Снимки од камери покжауваат како полицајците се кријат зад дрвјата додека околу нив одекнуваат пукотници. Сцената била хаотична, а полицајците се труделе да му помогнат на ранетото девојче.

Тоа е оперирано и е во стабилна состојба. Полицајците не се повредени.
Обвинение против децата уште не е поднесено.

Децатаа побегнале од домот на Евангелистичко-методистичката црвка во вторникот попладне.

Неколку часа подоцна провалиле во куќа, а минувачи пријавиле дека се слушало кршење на стакло и ја известиле полицијата.

Децата пукале со орушје кое го нашле во куќата, а го имало многу. Пукотницата траела 35 минути.

Шерифот појасни дека лани девојчето било уапсено за палење неколку напуштени објекти.