Двајца планинари загинаа во Алпите


Лавини во италијанските Алпи во петокот однесоа најмалку двајца животи и повредија неколку други, а спасувачките операции беа отежнати од силните ветрови.

Првата лавина ја погоди југозападната алпска долина Маира во регионот Пиемонт во Италија, во близина на француската граница.

Локалните власти соопштија дека едно лице загинало, а две други се повредени, од кои едно е во критична состојба.

Втората лавина се случила во близина на Прагелато, популарен скијачки центар на околу 60 километри западно од Торино.

Педесетгодишен планинар загина во лавина во североисточниот италијански регион Венето, во близина на градот Рекоаро во Доломитите, објави италијанската новинска агенција АНСА.

Опасноста од лавини низ Алпите се зголеми во последните денови поради обилните снежни врнежи и силните ветрови, што предизвика предупредувања за скијачите и планинарите.