Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба


Фото: Б. Грданоски

 Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство. 

Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н.И.Пирогов во Софија. Останатите шест пациенти во таа болница се уште се на механичка вентилација.

Тешка, но стабилна, е состојбата на тројца повредени кои се хоспитализирани во болницата во Варна и на тројцата во Универзитетската болница Свети Ѓорѓи во Пловдив.

Пациентите пред неколку дена беа пренесени во Бугарија со воен транспортен авион „Спартан“ и со амбулантни возила на софиската Итна медицинска помош.

Поврдените кои се лекуваат во Бугарија вчера ги посетија шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски и министерот за здравство Арбен Таравари.