Двајца мртви и најмалку 20 повредени во пукотници во Флорида


 

Полицијата на САД трага по напаѓачи кои усмртија двајца, а ранија барем уште 20 луѓе во еден клуб на Флорида.

Бело возило од марката „нисан’ сопрело пред еден клуб бо градот Хајлих, во сојузната држава Флорида, а потоа од него почнале да пукаат. Тројца излегле од возилото и почнале да пукаат кон насобрани на концерт.

Според Си-ен-ен, двајца се сигурно мртви, додека повредени има меѓу 20 и 25, од кои еден критично, а сите се префрелни во блиски болници.

„На местото сум каде се одигра една целна и кукавична, насилна пукотница, во која се повредени повеќе од 20 луѓе, а двајца, за жал, починаа“, објави шефот на полицијата на округот Мајами Дејд, Алфредо Рамирез.

Тој побара помош од јавноста доколку имаат какви и да се информации за напаѓачите.