Два концерти на Дарио и Миг 21 во Филхармонија
Како што информираат од Авалон Продукција, поради голем интерес за настанот, закажан e и втор концерт на Дарио и Миг 21, кој ќе се одржи наредниот ден, односно на 18-ти февруари.
Со овие концерти тој одбележува 40 години кариера, а пак Авалон, 30 години постоење.

Од продукцијата порачуваат дека е важно да се знае оти и покрај тоа што интересот за проектот Дарио и Миг 21 станувал се поголем и поголем, поради недостаток на слободни термини во Македонската Филхармонија, вториот концерт ќе биде и последен.
Влезниците за вториот концерт се пуштени во продажба , а нивната цена е 1.200 денари и 1.500 денари за ВИП.