Дурловски ја „потпали“ атмосферата на митингот на ВМРО-ДПМНЕ


Оперскиот пејач и поранешен директор на МОБ, Игор Дурловски, кој беше ослободен за обвиненијата за случувањата на 27 април во македонското Собрание ја отпеа химната  на вечерашниот митинг пред Владата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и претседателскиот кандидат Гордан Силјановска Давкова.

Тој беше обвинет како еден од водачите на протестите „За заедничка Македонија“ дека користел потпалувачки говори.

Симпатизери и партиски членови на ВМРо-ДПМНЕ дојдоа да и дадат поддршка на Силјановска Давкова. Настапи имаа повеќе македонски пејачи, меѓу кои и Миле Кузмановски кој ја пееше песната „Нешто ќе те питам бабо“.

Силјановска порача дека на татковината и треба жена за претседател.

-Македонија има убаво име, во женски род и не и треба придавка. На татковината и треба жена, јасно е зошто. Зашто ние имаме потежок живот од мажите, треба да докажуваме дека сме добри професорки, покрај добри мајки. Сега дојде времето да ги покажеме способностите, не само човечките, туку и женските. Владата има само четири министерки, каква родова рамноправност. Само шест од нивните градоначалници се жени. Потребни се радикални промени. Дојде време да покажеме дека фактот дека работиме три пати повеќе од мажите не направил три пати посилни. Сега таа сила ќе и ја вратиме на Македонија, рече Силјановска Давкова.