Дураку од Алијансата го нарече Апасиев „кловн“
Шефик Дураку од Алијансата за Албанците во последниот пост на Фејсбук го нарече претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кловн кој не може да ги загрози интересите на НАТО.
Ова се толкува како обид на претставниците на Алијансата да ја релативизираат соработката што ја имаат со Левица и со Димитар Апасиев кој меѓу Албанците е познат по антиалбански и анти-НАТО ставови.