„Дубиоза колектив“ со песната „Кафана“ го најавува новиот албум


Босанскиот бенд „Дубиоза колектив“ објави спот за песната „Кафана“. Ова е првиот сингл од претстојниот албум, кој се очекува да излезе на почетокот на следната година.

Ова е првото хорор видео во Босна и Херцеговина. Приказната е сместена во типична локална кафана каде искусна кугерска екипа подготвена го очекува почетокот на зомби апокалипсата.

„Песната „Кафана“ настана за време на најстрогиот локдаун, кога поради објективни околности не можевме да седнеме на шанковите во нашите омилени угостителски објекти. Болката и фрустрацијата предизвикана од овој недостаток ја претворивме во емоционална моќ – фолк балада – која испраќа силна порака за тоа колку кафаната, како основна алка на човечкото општество, ни недостасуваше за време на пандемијата“, велат членовите на бендот.

„За да го илустрираме ова застрашувачко искуство, единственото соодветно решение беше жанрот на хорор филмови, па дури и таквото застрашувачко сценарио не му е ни до колена на вистинскиот хорор што го почувствувавме“, додаваат тие.

Видеото го режираше Ирфан Авдиќ, а Мирослав Лакобрија беше задолжен за застрашувачки убедливите зомби маски. Покрај членовите на бендот, во главните улоги се појавуваат и Марио Дрмаш, Едис Билиќ, Марко Шелиќ-Марчело, Алмир Курт Кугла и Мона Муратовиќ.