„Дубиоза колектив“ го крена Советот на Европа на нозе (видео)


Босанско-херцеговската група Дубиоза колектив настапи во живо на Светскиот форум на демократијата при Советот на Европа во Стразбур.

Дубиоза колектив изведоа три песни „Нема бегство (од Балканот)“, „Однеси ме во Америка“ и „Bella Ciao“.

Многумина танцуваа, меѓу кои и генералниот секретар на Советот на Европа.
На почетокот на концертот, Дубиоза колектив соопшти дека 20 отсто од населението ја напуштило БиХ во последните неколку години и дека на нив седуммината може да им се помогне со издавање работни дозволи.

„Можеме да играме за вас помеѓу сесиите, за да можете, како денес, да се опуштите. Имаме добри песни за да можете да се опуштите за да можете подобро да работите во заеднички интерес. Ако има министер или премиер, контактот би го оставиле за подоцна, рекоа во свој стил и потоа свиреа и направија атмосфера низ салата.