Дуа Липа и Калум Тарнер се венчаа во Лондон


Пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер се венчаа на интимна церемонија во Лондон, пред нивните најблиски пријатели и семејството. Двојката го изговорила судбоносното „да“ во градското собрание на Олд Мерилебон, на легална венчавка пред раскошната тридневна прослава што наводно ја планираат на Сицилија.

Пејачката се појавила во бело со шапка и ракавици, држејќи го за рака нејзиниот сопруг Калум, кој носел темно одело и вратоврска. На скалите од градското собрание ги пречекале осум пријатели и членови на семејството, кои ги обсипале со конфети додека насмеаниот пар си заминувал во црно такси.

Скромната лондонска церемонија наводно била само формалност пред главниот настан – раскошна прослава на италијанскиот остров, која започнува во четврток и се очекува да собере бројни ѕвезди. Според извештаите, меѓу гостите се очекува да бидат и музичарите Чарли Екс-Си-Екс и Тове Ло, а се шпекулира дека би можел да настапи и Сер Елтон Џон, со кого Дуа го сними хитот „Cold Heart“ во 2021 година.