Дрејк стави 1.000.000 долари на победа на Аргентина


 

Канадскиот рапер Дрејк познат како страствен обложувач, не можеше да одолее да не се обложи на денешното финале од Мундијалот меѓу Аргентина и франција.

Иако, често става големи влогови, Дрејк речиси никогаш не погодува во обложувалница, а денеска со својот тип израдува милиони Французи.

Имано, Дрејк одлучи да уплати милион долари на победа на Аргентина и тоа по 90 минути натпревар.

Ќе биде интересно да се види дали Дрејк конечно ќе погоди и ќе освои 2,75 милиони долари или ќе продолжи да промашува и на тој начин ќе го навлече гневот на милиони Аргентинци.

Финалето на Светското првенство се игра денеска со почеток во 16 часот.