Драстичен скок на новозаразени во Србија, дури 415 отсто повеќе од минатата недела
Во Србија денеска се регистрани 7.488 новозаразени со Ковид-19, а починаа 25 лица.
Тестирани биле 25.516 лица, а 74 пациенти се на респиратор.
Вчера, од тестирани 21.876, позитивни беа 5.224. Вчерашниот ден донесе скок од 200 отсто, во однос на претходната среда, а денеска тој скок на неделно ниво е уште поголем, бидејќи тогапш биле регистрирани 1.804 заболени.