Драматична снимка од пад на воен авион Ф-35


 

На социјалните мрежи објавена е драматична снимка од неодамнешниот пад на воениот авион Ф-35 непосредно по полетувањето од носачот на авиони на британската морнарица.

На снимката се гледа како пилотот се катапултира пред леталото да падне во Средоземното Море.

Британското министерство за одбрана наведе дека прерано е за коментар на падот и дека во тек се напори да се извлече авионот, пренесе Би-би-си.

Видеото очигледно е снимано од одна од надзоните камери на носачот на авиони, покажува како пилотот се катапултира од леталото. Потоа авионот исчезнува, се гледа падобран како се движи кон морето непосредно пред бродот тежот 65.000 тони.