Драматичен раст на новозаразени во Австрија, повеќе од 800


Во Австрија новата недела почна како што заврши и претходната, со нов драматичен раст на бројот новозаразени со корона вирус, кој овојпат надмина 800.

Во послендите 24 часа, според податоците на Кризниот штаб, регистрирани се 816 нови случаи со корона вирус.

Во последните 24 часа регистрирани се и два смртни случаи на лица заразени со корона.

Кризниот штаб проценува дека наглиот пораст на бројот новозаразени поврзан е со враќањето од одмор.