Драматичен пресврт – Финска побара членство во НАТО

Руската инвазија на Украина драматично го промени ставот на земјата која со децении беше неутрална. Финска сака безбедност, а не страв од Русија


Претседателот Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин

 

Финскиот претседател и премиер изјавија во четвртокот дека се за поднесување барање за членство во НАТО, отворајќи го патот за проширување на Алијансата поради руската војна во Украина.

Драматичниот потег на Финска го најавија претседателот Саули Ниинисто и премиерката Сана Марин во заедничка изјава. Тоа значи дека Финска е практично сигурно дека ќе бара членство во НАТО, иако остануваат уште неколку чекори пред да започне процесот на аплицирање. Се очекува соседна Шведска да донесе одлука за влез во НАТО во наредните денови.

Финска дели 1.340 километри копнена граница со Русија. Кремљ предупреди на „воени и политички реперкусии“ доколку Шведска и Финска решат да се приклучат на НАТО. Доколку се пријават, ќе има привремен период од поднесувањето на апликацијата додека не ја ратификуваат сите 30 парламенти на членки на НАТО.

„Сега, кога моментот на одлучување е близу, ги кажуваме нашите еднакви ставови, исто така и за информирање на парламентарните групи и партии“, рекоа Ниинисто и Марин во заедничката изјава. „Членството во НАТО ќе ја зајакне безбедноста на Финска“.

 „Како членка на НАТО, Финска ќе го зајакне целиот одбранбен сојуз“, рекоа тие. „Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одлагање. Се надеваме дека националните чекори кои сѐ уште се потребни за да се донесе оваа одлука ќе бидат преземени брзо во следните неколку дена.

Изјавата во четвртокот дојде еден ден откако британскиот премиер Борис Џонсон ги посети Финска и Шведска за да потпише договор за воена соработка.

Велика Британија во средата вети дека ќе им помогне на Шведска и Финска доколку двете нордиски нации бидат нападнати.

Во 2017 година, Шведска и Финска се приклучија на Здружените експедициски сили предводени од Британија, кои се дизајнирани да бидат пофлексибилни и да реагираат побрзо од поголемата алијанса на НАТО. Ги користи стандардите и доктрината на НАТО, за да може да работи во соработка со НАТО, Обединетите нации или други мултинационални коалиции. Целосно оперативни од 2018 година, силите одржаа голем број вежби и независно и во соработка со НАТО.

Од руската инвазија на Украина на 24 февруари, Финска и Шведска размислуваат дали да ја напуштат својата историска, децениска неутралност и да се приклучат на 30-членото НАТО.

Доколку Финска стане членка на НАТО, тоа би значело најголема промена во одбранбената и безбедносната политика на оваа нордиска земја од Втората светска војна, кога водеше две изгубени војни против Советскиот Сојуз.

За време на Студената војна, Финска се држеше подалеку од НАТО за да избегне да го провоцира Советскиот Сојуз и одлучи да остане неутрален тампон меѓу Истокот и Западот, додека одржуваше добри односи со Москва, а исто така и со Соединетите Држави.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, рече дека воената алијанса ќе ги пречека Финска и Шведска – и двете имаат силни, модерни војски – со отворени раце и очекува процесот на пристапување да биде брз и непречен.

Руската инвазија на Украина предизвика јавна поддршка за членството во НАТО во Финска да се зголеми тројно, при што најновата анкета на јавниот радиодифузен сервис Yle покажа дека 76% од Финците се за, во споредба со околу 25% пред нападот на 24 февруари, со само 12% против.

Финска и соседна Шведска се официјално неутрални, но станаа партнери на НАТО – учествувајќи во вежби и разменуваа разузнавачки информации – откако ја напуштија својата строга неутралност кога ѝ се приклучија на ЕУ во 1995 година по крајот на студената војна.

Финска прогласи независност во 1917 година по повеќе од еден век руско владеење, а нејзината армија двапати се бореше против советските сили за време на Втората светска војна.

Шведска, која исто така се очекува да ја објави својата одлука за тоа дали ќе поднесе барање за приклучување кон НАТО или не овој викенд, нема водено војна 200 години.

Судбината на Украина беше особено вознемирувачка за Финска и да се сеќава како таа водеше две војни со Русија помеѓу 1939 и 1944 година, одбивајќи обид за инвазија, но губејќи околу 10% од нејзината територија во подоцнежниот мировен договор. (Според агенциите)