Драма во Грција: Гори рафинерија, сè е сопрено, а наредена е итна евакуација (видео)


Голем пожар избувна на територијата на нафтената рафинерија во Агиа Теодора на патот од Атика кон Коринтија.

Грчката противпожарна служба соопшти дека се мобилизирани копнени и воздушни сили за гаснење на пожарот.

Пожарот во моментов не им се заканува на наполнетите цистерни, но гаснењето се смета за тешка операција и планот е да се намокри целиот периметар за да се спречи ширење на пламенот.

Тројца работници со полесни повреди се пренесени во болница.

Густ црн чад се гледа од неколку километри, додека жителите од околните населени места добиле порака да се евакуираат.

Локалните медиуми јавуваат дека мазутот гори и дека според првичните проценки пожарот најверојатно настанал од експлозија при чистење на резервоарот.

Итно е запрен патниот и железничкиот сообраќај, а се очекуваат доцнења и откажувања на летови.

Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас го информираше премиерот Киријакос Мицотакис за пожарот во рафинериите.