Дознајте зошто во јадењето се додава ловоровиот лист, освен за да се подобри вкусот
Домаќинките го користат ловоровиот лист како зачин, особено кога готват црвено месо, живина, грав… Најчесто го додаваат за вкус, но не знаат дека има сосема поинаква подготовка. На една популарна социјална мрежа стана вирално видео каде професионален готвач зборува за тоа како и зошто овој зачин се додава во јадењата.
Освен што дава прекрасна арома и вкус на секое јадење, ловорот се користи и за намалување на количеството маснотии во него. Ако не ви се верува, пресечете го пилешкото на половина и секоја половина ставете ја во тенџере и покријте ја со вода. На едниот додадете ловоров лист, а на другиот не. Кога ќе се свари пилешкото, ќе видите дека она со зачините има многу помалку маснотии.
Овој популарен и евтин зачин не се користи само за готвење, туку ги ублажува симптомите на кашлица, вируси и грип.