Дошол на годишен одмор, загинал во невремето во БиХ


 

Едно лице загина, а повеќемина се повредени во силното невреме што вчера попладне го погоди подрачјето на Бихаќ во Босна и Херцеговина, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на извори од болницата.

Загинатиот маж настрадал кога врз него паднало дрво кое го искорнал ветрот.

Лекарска помош во болницата побарале девет лица поради различни повреди. Од нив три имале тешки телесни повреди и задржани се на лекување.

Дошол на годишен одмор

Загинатиот маж е идентификуван како Виктор Деламеа (55), објави порталот Дневни аваз.

Загинатиот живеел во Германија, а во Бихаќ дошол на годишен одмор.

Невремето кое траело неполн половина час остави траги на подрачјето од Велика Кладуша до Босанска Костајница.