Докторка ампутирала погрешна нога на пациент, казнета само со 2.700 евра
Докторка – хирург во Австрија казнета е со 2.700 евра откако ампутирала (отсекла) погрешна нога на пациент.
Во средата, судот во Линц ја прогласи 43-годишната докторка за виновна за тешка немарност и ја казни со 2.700 евра. На вдовицата на пациентот, кој починал пред случајот да стигне на суд, доделени ѝ се 5.000 евра отштета, пишува Би-би-си.
На постар пациент отстранета му е десната нога, место левата, а грешката е откриена дури два дена подоцна. Пациентот минатиот мај отишоl на клиника за да му ја ампутираат ногата, но докторката означила погрешна нога за ампутација. Грешката е забележана во текот на рутинска промена на завојот и на пациентот му е речено дека ќе мора да му се ампутира и другата нога.
Болницата тогаш соопшти дека инцидентот се случил како резултат на низа несреќни околности, а докторката јавно се извини на конференција за новинари.
На суд рече дека дошло до грешка во синџирот на команда во операционата сала.
На прашање, зошто ја означила десната, а не левата нога, рече: „Не знам“. По инцидентот таа заминала да работи во друга клиника.
Вакви случаи се ретки, но слични инциденти имало и во минатото. Во 1995 година лекар во САД на половина операција открил дека ампутирал погрешна нога на пациент со дијабетес. Бил принуден да продолжи откако ги пресекол тетивите, мускулите и лигаментите.