Директорот на Твитер, за одлуката на Твитер: Правилна, но опасна


 

Извршниот директор на Твитер Џек Дорси се огласи прв пат по забраната на налогот на американскиот претседател Доналд Трамп на оваа мрежа.

Рече дека одлуката била исправна, која може да има долгорочни негативни последици.

„Не сум горд на забраната на налогот на Доналд Трамп ниту како дојдовме до тоа. По јасното предупредување дека ќе го направиме тоа доколку продолжи, се одлучивме на овој чекор врз основа на информациите што ги имавме“, вели Дoрси во првиот од серијата твитови кои ги прати.

Смета дека таа одлука била правилна, затоа што Трамп, кој доцна сионоќа беше повикан во Претставничкиот дом на американскиот конгрес со своите пораки створил ситуација која довела човечки животи во опасност.

„Бевме соочени со невообичаени и нодржливи околности, кои не примораа да преземеме чекори заради јавната безбедност. Штетата која е направена во вистинскиот живот заради она што е речено онлајн е многу стварна“, истакна директорот на Твитер.

Сепак, Дорси додава дека блокирањето на налогот на Трамп било далеку од најдобра одлука, опишувајќи го како неуспех на самиот Твитер да промовира здрава расправа.

Според него, такви потези ја разбиваат јавната расправа, ги делат луѓето и ја ограничуваат можноста за објаснување и учење. Освен тоа, нагласи дека таква одлука може да има сериозни последици.

Дорси вели дека со ова се прави опасен преседан, кој покажува колкава моќ има поединецот или корпорацијата над јавните дискусии на глобален план.

Многу светски лидери, како Ангела Меркел, го критикуваа потегот на Твитер да го тргне налогот на американскиот претседател.