Ди Каприо се поднови со нов дом во шпански стил за 7 милиони долари


Куќата во шпански колонијален стил од 1928 година има импресивна линија на познати сопственици, кои ги вклучуваат и Гвен Стефани и Роберт Патинсон

 

САД– Тука нема ништо повозбудливо отколку кога се судираат световитена славните. Оскаровецот Леонардо ди Каприо неодамна ги купил домот на Џеси Тајлер Фергусон и Џастин Микита во Лос Фелиз, Калифорнија – кој претходно бил во сопственост и на Гвен Стефани и Роберт Патинсон.

Ѕвездата на „Титаник“ плати 7,1 милиони долари, што значи дека ѕвездата на „Модерното семејство“ и неговиот сопруг остварија прилично профит, со оглед на тоа што го купија за само 4,6 милиони долари уште во 2013 година. Имотот во шпански колонијален стил од 1928 година е со четири спални и се протега на скоро 5.000 квадратни метри.

Влезот во форма на ротонда има сложено изработена ограда, надополнета со детален подвижен таван и подови од плочки од теракота од кога е изградена куќата.

Ѕвездената двојка го ангажирала поранешниот сценограф на „Вил и Грејс“, Питер Гуркси, да ги дизајнира и опреми просториите. Дизајнерот за внатрешен диазајн подоцна додаде: „Од сите двојки со кои сум работел, нивниот дизајн еволуирал најмногу“.

Другите ѕвездени квалитети на домот вклучуваат медиумска сала, базен, огромна тераса за јадење и, се разбира, спектакуларен поглед на опсерваторијата Грифит. Ди Каприо е познат е познат како љубител на куќи во шпански стил, бидејќи претходно тој поседуваше еден во близина на резервоарот Сребрено езеро на Л.А.(Архитекчурал Диџест)