Дерек Шовин, осуден за убиството на Џорџ Флојд, побара ново судење
Поранешниот полицаец во Минеаполис, Дерек Шовин, осуден за убиството на Џорџ Флојд, што предизвика масовни протести против расизмот, побара ново судење во вторникот.
Адвокатот на Шовин, Ерик Нелсон тврди дека судењето не било фер и дека имало голем број судски грешки и дека пресудата е спротивна на законот.
На 20 април, по тринеделно судење, Шовин беше прогласен за виновен по сите три точки, вклучително и за убиство.
На снимката од смртта на Флојд се гледа како Шовин му го притиска вратот повеќе од 9 минути.
Смртта на Флојд предизвика протести низ САД и светот против полициската бруталност врз црнците.