Денес се избира градоначалник на Дебар
Во општина Дебар денеска се одржува вториот круг на локалните избори, поради тоа што на 31 октомври имаше прегласување во едно избирачко место, а ДИК поради нерегуларности во првиот круг во избирачкото место 0543, ја разреши општинската комисија.
Општинска изборна комисија информира дека гласањето почна навреме во сите 27 избирачки места во градот и селските населби.
Бројот на избирачи е 19.211, а се гласа за еден од двајцата кандидати за градоначалник, Хекуран Дука од ДУИ и Беким Поцеста од Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Дебар е единствена општина во земјава, каде денеска се спроведува втор круг на локалните избори.
Во првиот круг ниту еден од кандидатите не го обезбеди потребниот цензус за победа, а на 31 октомври беше повторено гласањето во едно гласачко место.