Денес одлука за намалување на цените на горивата
За новата цена на горивата кај нас денес ќе одлучува Регулаторната Комисија за енерегетика. Според пресметките на премиерот Христијан Мицкоски, се очекува дизелот да поевтини за 7, а бензините за 4 денари по литар.
Премиерот Мицкоски претходно рече дека очекува стабилизација на пазарот со нафтените деривати по најавите за мировни преговори меѓу САД и Иран.
Сепак, сите очекувања се дека договор ќе биде постигнат а со тоа и економиите ќе почнат да се стабилизираат. Цената на нафтата во моментов се движи околу 80 долари за барел, но периодот кој следи може да се очеуваат пониски цени .
– Ние правевме наши калкулации, малку е зголемена и вредноста на доларот. Очекувам во понеделник врз основа на тие калкулации, бензините некаде околу четири денари по литар да се намалат, а дизелот нешто повеќе, околу седум денара по литар да се намали. Така што да почекаме во понеделник Регулаторната комисија официјално да соопшти – изјави викендов Мицкоски, кој присуствуваше на поставување камен-темелник на нова детска градинка во општина Карпош.