Демолиран кафе-барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани

Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.
Во Кочани во тек е протест на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи рано утринава во неделата.
Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со извици „Бараме правда“, „Секој еден, може да е следен“, „Убијци“….
(Видео) Стотици граѓани на протест во Кочани – извикуваат „Убијци!“ и „Сакаме правда“