Демократски сенатор: Ова е втората неоправдана војна во мојот живот
Кусо откако САД извршија воени напади во Венецуела, демократскиот сенатор Рубен Галего од Аризона изјави на социјалната мрежа X: „Оваа војна е нелегална“.
Галего, ветеран од американската морнарица кој служел во Ирак, ја опиша како „втората неоправдана војна во мојот живот“.
Сомнежи изрази и републиканскиот сенатор Мајк Ли од Јута, кој напиша на X: „Се радувам да дознаам што, ако воопшто, би можело уставно да ја оправда оваа акција во отсуство на објава на војна или овластување за употреба на воена сила“.
Во последните месеци, демократите во Конгресот, како и некои републиканци, се спротивставија на зајакнувањето на военото присуство во регионот. Затоа во Претставничкиот дом и во Сенатот беа иницирани гласања за мерки што би им забраниле на САД да ја нападнат Венецуела без претходно одобрение од Конгресот. Овие мерки на крајот беа отфрлени.