Дејвид Лами е назначен за нов министер за надворешни работи на Велика Британија


Новиот британски премиер Кир Стармер денеска го назначи Дејвид Лами за министер за надворешни работи на земјата, Џон Хили за министер за одбрана, а Ивет Купер за министер за внатрешни работи, објавија британски и американски медиуми.

Лами и Хили рекоа дека ќе продолжат со поддршката на земјата за Украина во конфликтот со Русија и дека ќе се залагаат за прекин на огнот во Појасот Газа.

Рејчел Ривс е назначена за канцелар на финансии во новата лабуристичка влада – првата жена на оваа функција. Поранешниот економист на Банката на Англија ќе мора да го исполни ветувањето на партијата дека ќе постигне економски раст и ќе ги зголеми инвестициите во јавните услуги, а истовремено ќе се справи со огромниот должнички проблем на земјата.

Кир Стармер води влада која е етнички поразновидна и со поголемо присуство на жени од кога и да било, по одлучувачката победа на неговата Лабуристичка партија на општите избори во Британија вчера, пренесе БТА.