Дејвид Гета го продаде музичкиот каталог на „Ворнер брос“ за 100 милиони долари


САД– Дејвид Гета (53), продуцент на хитови како Titanium, I Got A Feeling и Hey Mama, ги продаде своите песни на „Ворнер брос“ за огромна сума.

Францускиот диџеј се согласи да продаде за околу 100 милиони американски долари, што ги вклучува и неговите идни снимки, изјавија за Би-Би-Си луѓе запознаени со договорот.

Каталозите на Боб Дилан и Пол Сајмон исто така се продадоа за милиони. Гета е една од најголемите фигури на денс-попот во 21 век.

Гета досега продаде 50 милиони плочи и собра повеќе од 14 милијарди стримови, а соработуваше со Ријана, Бруно Марс, Џастин Бибер, Ники Минаж и Сиа.

Последниот негов сет како диџеј беше во февруари, во Дубаи, каде има куќа.