Данска, прва во светот, нема да ја користи вакцината „АстраЗенека“

Данска во потполност ќе престане со примена на вакцината „АстраЗенека“ против Ковид-19, поради можни причинско-последични врски меѓу таа вакцина и стварањњто крвни згрутчувања, пишуваат декеска повеќе дански медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.
Данска ќе биде прва земја во светот која донела одлука за трајно прекинување на вакцинацијата со „АстраЗенека“.
Заради одлуката за престанок на користењето на оваа вакцина, програма за вакцинација во Данска ќе доцни неколку недели, јави телевизијата ТВ2.