Данска објави видео од истекувањето гас од „Северен тек“

Данската одбранбена команда објави видео од, како што рече, истекување гас од „Северен тек“ во Балтичкото Море.
На видеото објавено од властите се гледаат меури и област на вознемирено море.
Исто така, командата воспостави забранети зони околу данскиот остров Борнхолм, се вели во соопштението.
„По трите истекувања на гас на гасоводите ‘Северен тек’ во Балтичкото Море, воспоставени се забранети зони околу истекувањата заради безбедноста на бродовите и воздушниот сообраќај. ‘Северен тек 1’ има две протекувања североисточно од Борнхолм, ‘Северен тек 2’ има едно истекување јужно од Дуеоде. Протекувањето беше откриено од данската одбранбена единица за одговор на пресретнувачите Ф-16“, соопштија од властите.
Данска испраќа два брода во областа во Балтичкото Море за да се погрижи никој да не влезе во морската зона погодена од истекувањето.
„Одбраната ги поддржува напорите на властите во врска со истекувањето на гасоводите ‘Северен тек’ во Балтичкото Море. и данската одбрана поддржуваат и со хеликоптерски капацитет. Покрај тоа, синоќа во областа бил и патролниот брод ‘Рота’“, велат од надлежните.
The Danish military published footage from the site of the leak on Nord Stream. pic.twitter.com/OgoXeWPDSF
— NEXTA (@nexta_tv) September 27, 2022