Даниел Крег покрај Роџер Мур на Холивудската патека на славните

САД- Даниел Крег (53) добива ѕвезда на Холивудската патека на славните!
Најпознат по улогата на Џејмс Бонд, британскиот актер ќе ја претстави својата ѕвезда на булеварот Холивуд во среда, 6 октомври – два дена пред неговиот петти и последен филм за Бонд „Не е време за умирање“ во кината.
Ѕвездата на Крег ќе биде поставена покрај поранешниот 007 Роџер Мур. Тој е четвртиот Бонд актер што ја доби оваа чест по Мур, Дејвид Нивен и Пирс Броснан.
„Даниел Крег е британска културна икона, како и Џејмс Бонд, глумец кој играше во пет филмови на тајниот агент 007“, изјави Ана Мартинез, продуцентка на Холивудската патека на славните.
Ѕвездата на Крег ќе биде поставена покрај ѕвездата на Роџер Мур.
Рами Малек, кој глуми негативец спроти Крег во „Не е време за умирање“, ќе одржи говор на церемонијата заедно со филмските продуценти Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи.
Крег го глумеше Бонд во Casino Royale (2006), Quantum of Solace (2008), Skyfall (2012) и Spectre (2015) .
Крег за „Тајмс“ изјави дека се стреми кон конзистентност во текот на неговите филмови за Бонд, признавајќи дека може да биде запаметен „како пргавиот Бонд“, но додаде: „Тоа е само мојот Бонд и морам да се соочам со тоа, тоа беше мојот Бонд. Но, јас сум сосема задоволен од тоа “. (Пипл)