Данела си ја наместила мајка ѝ на државна функција како претседател на ССК


Градската организација на СДСМ обелодени дека претседателката на ССК, Данела Арсовска ја наместила својата мајка, Марика Јовановска, за член на Државниот совет за статистика како предлог на ССК и да зема по 10.000 денари од седница.

„Има ли појасен случај на непотизам од овој?“, прашуваат од СДСМ укажувајќи дека „само личност која што не поседува чесност и личен интегритет како претседател на ССК може да овозможи нејзината мајка да биде номинирана и избрана за член на Совет за статистика, каде што хонорарот изнесува 10.000 денари по седница“.

Градската организација на СДСМ ја повика Државната комисија за спречување на корупција да го испита случајот на номинирање и избор на Марика Јовановска како член на Совет за статистика на предлог на ССК, кога нејзината ќерка Данела Арсовска е претседател на ССК.