Дали знаете која храна е најдобро да ја консумирате на празен стомак?
Додека цитрусно овошје, зачинета храна и сиров зеленчук се само дел од намирниците кои не треба да се јадат на празен стомак, има и такви кои ги препорачуваат нутриционистите. Со причина, појадокот е најважниот оброк во денот, чија улога е да ни даде енергија за сите претстојни активности во текот на денот. Во продолжение се намирниците кои се полни со витамини, богати со антиоксиданси и кои позитивно влијаат на варењето!
Јаткасти плодови
Бадемите или оревите нудат здрави масти и на тој начин обезбедуваат повисоки нивоа на енергија подолго време. Меѓу јаткастите плодови, бадемот има најголема количина на витамин Б2 и витамин Б3 во него. Покрај тоа, тој е богат со калиум, магнезиум, калциум и витамин Е.
Јајца
Најдобар извор на витамини! Јајцата ја креваат енергијата и се еден од омилените оброци. Сепак, нутриционистите велат дека е важно да се запамети дека иако јајцата се многу хранливи, тоа не дава зелено светло за јадење три јајца на ден.
Јогурт
Содржи пробиотици кои го подобруваат здравјето на цревата и го зајакнуваат имунитетот. Една чаша јогурт содржи значителни количини на калиум, фосфор, рибофлавин, јод, цинк и витамин Б5, витамин Б12.
Meд
Природните шеќери во медот ја зголемуваат енергијата и имаат антибактериски својства. Изобилството на витамини, минерали, елементи во трагови и хранливи материи кои се наоѓаат во медот го прават одличен сојузник во борбата против многу болести.
Чиа семе
Тие се богати со влакна, омега-3 масни киселини и антиоксиданси. Затоа се одличен избор за појадок, пишува Global Influence Magazine. Чиа семките се одлични за дигестивниот систем, обезбедуваат доволно количество влакна и затоа се многу добар пробиотик.