Дали знаете како правилно се подготвува кромидот?


Овој трик за правилно чување на кромидот ќе ве воодушеви! Ќе ги зачува многуте придобивки од овој зеленчук!

Кромидот е една од најздравите намирници која е богата со состојки кои се одговорни за нормално и добро функционирање на организмот. Има и бројни здравствени придобивки како што се зајакнување на имунитетот, нормална работа на срцето, третман на респираторни инфекции и многу други.

Но, дали го знаевте најдобриот начин да го подготвите? Имено, нутриционист по име Мумал Асиф открил генијален трик за негова подготовка. Тој вели дека само две минути пржење кромид уништува бројни здравствени придобивки. А најголемиот виновник е токму топлината која лошо влијае на алицинот, состојката која се наоѓа во кромидот и која е најзаслужна за неговите лековити ефекти.

„Ве советувам да почекате 10 минути откако ќе го исецкате кромидот. За тоа време ќе се создаде максимална количина на алицин, кој ќе остане речиси недопрен при пржењето“, објасни овој нутриционист.

А освен алицин, кромидот содржи и бројни витамини и минерали кои му се неопходни на организмот, како што се цинк, фосфор, магнезиум, фолна киселина, тиамин и витамини Ц и К.