Дали вашите стапала се постојано ладни, а циркулацијата слаба? Решението не се волнени чорапи, туку нешто од кујната
Облекувањето во слоеви, топлите пијалоци, волнената облека, удобните водоотпорни чевли, капите, шаловите, ракавиците, не помагаат? Префрлете се на билни раствори!
Ја стимулира циркулацијата и најдобро е да се јаде сурова, но можете да ја додадете и во салати, супи, печено месо, риба…
Лути пиперки
Одличен штит против настинки, а исто така ја зголемуваат и температурата. Во Италија и Кина, особено ги користат за подобра циркулација. Во некои постудени подрачја, луѓето ставаат малку мелена лута пиперка во чевлите и чорапите за да се ослободат од чувството на студени стапала. Најдобро е, како нив, да посипете малку мелен кајенски пипер на нозете и да облечете топли памучни чорапи, а дури потоа чизми.
Цимет
Циметот делува добро против згрутчување на крвта и затоа е одличен за подобра циркулација. Вклучете го во топли напитоци, но и во бисквити и утрински житарки.
Ѓумбир
Најдобриот „грејач“ меѓу чаевите е дефинитивно ѓумбирот. Можете да направите и бања така што прво ќе сипете една лажица мелен ѓумбир (или 200 грама сечкан свеж ѓумбир) во 2 литри вода и ќе ја ставите на шпорет да зоврие. Тргнете од шпоретот, потоа оставете покриено 15 минути, потоа процедете и додадете во када со топла вода. Чајот е исто така одличен „грејач“, а можете да го комбинирате со лимон за подобар вкус.