Дали се бојадисуваат парен или непарен број јајца за Велигден?


Фото: Б. Грданоски

Велигден е еден од нашите најрадосни и највесели празници, симболизирајќи го враќањето на Исус Христос во живот.

На Велики петок се бојадисуваат јајца, најчесто во црвена боја, што ја симболизира крвта на Исус, но и радост. На сите им е добро познато дека првото јајце го нарекувале чувар на куќата и дека стои во текот на целата година за да ја „чува куќата“ до следниот Велигден.

Секој ги одвојува јајцата за бојадисување според него и неговите потреби, но дали знаевте дека според правилото треба да се бојадисаат само 33 јајца?

Бројот 33 го симболизира бројот на години кога Исус бил распнат.

Обичаите датираат од дамнешни времиња, се пренесувале од колено на колено, но овој важен дел некаде се изгубил и ретко кој денеска бојадиса точно 33 велигденски јајца.

Сепак, треба да знаете и дефинитивно да се потрудите да ја почитувате традицијата.