Дали опстануваат врските со поголема разлика во годините? Еве која разлика во години е најидеална- стапката на развод скоро и да не постои


Еве како одредени разлики во годините меѓу партнерите влијаат на самата врска…

Во денешно време разликите во годините меѓу партнерите стануваат се поголеми и поголеми. Се поставува прашањето колку долго траат ваквите врски, дали водат до развод почесто и која разлика во годините е оптимална.

Според најновите истражувања, колку е поголема разликата во годините, толку е поголема шансата за разделба. Најидеалните односи се меѓу врсниците. На Универзитетот „Емори“ во Атланта е спроведена студија во која учествувале 3.000 испитаници. Експертите откриле дека колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку е поголем ризикот од разделба.

За парови меѓу кои разликата е пет години, има 18 отсто поголеми шанси за раскинување. Студијата исто така посочува дека односите меѓу паровите, каде што разликата во годините е 20 или повеќе, се раскинуваат многу почесто. Најдобар избор е да се најде емотивен партнер сличен на нашата возраст и тогаш стапката на разводи е минимизирана.

Исто така, статистиката покажа дека раѓањето бебе пред брак може да помогне да се намалат шансите за развод.
Спротивно на популарното верување, истражувачите веруваат дека најидеалната разлика меѓу емотивните партнери е околу една година. Кај вакви парови стапката на разводи речиси и да ја нема, кога се во прашање годините. Секако, во врските и браковите секогаш има други причини за раздор, па дури и за развод, истакна Хуго Малон, еден од истражувачите на студијата.

Како што истакна Дејвид Бенет, експерт за емоционални односи меѓу партнерите, гореспоменатите примери им помагаат на луѓето да најдат заеднички интереси со партнерот во одредена возраст.

„Не ги советувам моите клиенти слепо да ги следат правилата, но ги охрабрувам внимателно да размислуваат за горните и долните старосни граници“, истакна Керол Родерик, експерт за односи и врски.