Дали летните жештини ќе помогнат да се победи Ковид-19?


Научниците немаат вистински одговор дали новиот корона вирус ќе се однесува како другите вируси. Топлите денови можат да понудат само делумен одговор на нивните дилеми

 

Топлото време што наскоро ќе дојде ќе изврши притисок врз властите што се обидуваат да ги контролираат народот и собирите во државите.

Но научницит, исто така, веруваат дека топлото време би можело да донесе нови сознанија за вирусот со знаци дали реагира на почетокот на пролетта. Епидемиите на грип имаат тенденција да изумрат како што завршува зимата; дали сонцето може да влијае на однесувањето на корона вирусот и неговото ширење? Тоа е клучно прашање, а епидемиолозите многу внимателно ќе ги следат промените.

Првичните студии на други корона вируси – вообичаените сорти што предизвикуваат настинки во Велика Британија – сугерираат сезонска шема, со врвови кои се појавуваат во текот на зимата и исчезнуваат во пролетта. Интригантно, овие врвови имаат тенденција да се совпаѓаат со појава на грип. Спротивно на тоа, само мали количества на корона вирус се чини дека се пренесуваат во текот на летото.

Клучна студија за вообичаените коронавируси – HCoV-NL63, HCoV-OC43 и HCoV-229E – беше објавена минатата недела од научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон. Со анализирање на примероците собрани пред неколку години, во февруари откриле високи стапки на корона вирусна инфекција, додека во лето биле многу ниски. Други студии, исто така, покажаа дека корона вирусите се сезонски во однесувањето во умерена клима.

Водечкиот автор на студијата, Роб Олдриџ, искажа нота на претпазливост. „Можевме да забележиме континуирано, но пониско ниво на пренесување на корона вирус во текот на летото, но тој може да се врати во зима, ако во тој момент сè уште има голема подложна популација“, рече тој.

„И со оглед дека ова е нов вирус, не знаеме дали ќе има сезонска шема во текот на летото, со оглед на високи нивоа на подложност на населението. Поради оваа причина, клучно е сите да дејствуваме сега да ги следиме тековните совети за здравјето“.

Оваа точка ја поддржуваат и други научници, кои предупредуваат дека вирусот Ковид-19 е целосно нов заразен агенс и затоа нема шанси населението да изгради некаков имунитет. Како резултат, веројатно ќе продолжи да се шири по тековни стапки и покрај почетокот на летото.

„Сигурен сум дека сезонските варијации во однесувањето на вирусот ќе играат улога во неговото ширење“, рече вирологот Мајкл Скинер од Империјал колеџ во Лондон. „Но, во споредба со ефектот што го имаме со социјалното дистанцирање, тоа ќе биде многу мало влијание. Може да произведе маргинални ефекти, но тие нема да бидат замена за самоизолација“.

Бен Нојман од универзитетот Рединг беше појасен. „Овој вирус започна во услови на речиси замрзнување во Кина и брзо расте како во Исланд, така и на екваторот во Бразил и Еквадор. Како што зимата се претвори во пролет, растот на вирусот се забрза низ целиот свет. Ова не е „Војна на световите“ и не постои deus ex machina да ги достигне облаците и да го постави како што треба. Ние мора сами да го победиме вирусот“.

Сепак, доаѓањето на пролетта не влијае само на однесувањето на вирусот. Исто така, произведува промени во човечкиот имунолошки систем, истакнуваат другите истражувачи. „Нашиот имунолошки систем покажува дневен ритам, но она што е помалку познато е како ова варира од сезона во сезона“, рече имунологот Натали Ридел од универзитетот Сари.

За да дознае, Ридл и други истражувачи од универзитетите Сари и Колумбија студираат имунолошки промени кај луѓето во различни сезони и различни периоди од денот. Биолошките примероци беа земени од волонтери во зимските и летните солистиции и пролетната и есенската рамнодневица. Првичните сознанија сугерираат дека подгрупа на бели крвни клетки која игра клучна улога во имунолошкиот систем се чини дека се покачува во одредени периоди од денот, што укажува дека системот реагира различно во различни периоди. На пример, беше откриено дека Б-клетките што произведуваат антитела се покачуваат во текот на ноќта.

Како и да е, влијанието на сезоните врз ритамите во клетките сѐ уште се истражува, додаде водачот на студијата, Микаела Мартинез од Универзитетот Колумбија. Резултатите ќе бидат од значење, додаде таа. „Знаејќи ги ранливостите на нашето тело од болести и вируси во текот на годината може да го може да бидат важни во кампањите за вакцинација што ќе ни помогнат да ги искорениме инфекциите“. (Гардијан)