Дали кефирот е добар сојузник во процесот на слабеење?


Кефирот е направен од ферментирано млеко и е полн со пробиотици, витамини и минерали кои не само што го поддржуваат здравјето на цревата, туку помагаат и во контролата на телесната тежина.

Кефирот е ферментиран млечен производ традиционално направен од кравјо, козјо или овчо млеко. Овој пијалок се подложува на ферментација со помош на кефирски зрна, кои се комбинација од бактерии и квасец.

Овој процес на ферментација резултира со малку киселкаст пијалок од кој, ако го пиете, ќе имате бројни здравствени придобивки.

Една од главните причини зошто кефирот се издвојува во процесот за слабеење е неговата висока содржина на пробиотици. Пробиотиците се корисни бактерии кои ги колонизираат цревата и играат клучна улога во варењето, имунолошката функција и контролата на телесната тежина.

Составот на цревниот микробиом може да влијае на метаболизмот и регулирањето на апетитот, што ги прави пробиотиците вреден сојузник на патот кон губење на вишокот килограми.

Неколку студии ја истражувале врската помеѓу консумирањето кефир и губењето на тежината, со ветувачки резултати. Студиите кај жени покажаа дека редовното внесување кефир доведува до намалување на телесната тежина, индексот на телесна маса (ИТМ) и обемот на половината кај лица со прекумерна тежина и дебелина.

Вклучете го во вашата исхрана
Пиењето на овој пијалок половина час пред оброк може да го намали апетитот и да спречи прејадување.
Кога кефирот се додава во оброци кои нормално би го зголемиле шеќерот во крвта, се покажа дека спречува какво било зголемување на апетитот и внесот на храна што нормално се забележува.

Се верува дека пробиотиците во кефирот го зголемуваат чувството на ситост, го намалуваат воспалението и ја подобруваат метаболичката функција, што во крајна линија придонесува за губење на тежината.

Понатаму, хранливиот профил на кефирот придонесува за неговите способности за слабеење. Богат е со протеини, што може да помогне во зголемувањето на чувството на ситост и спречување на прејадување. Покрај тоа, кефирот содржи калциум, минерал кој е поврзан со метаболизмот на мастите и може да помогне во губењето на мастите.

Важно е да се напомене дека во овие студии е покажано дека традиционалниот кефир доведува до губење на тежината. Сепак, не е пронајдена никаква корист од консумирањето комерцијален кефир – видот што можеби ќе го најдете на полицата во вашиот локален супермаркет.