Дали делта варијантата на корона вирусот го уби сонот за колективен имунитет?


Фото: Б. Грданоски

Додека делта варијантата на корона вирусот се шири низ светот, стручњаците се прашуваат дали желбата за стварање имунитет на стадо со вакцинирање и понатаму е изводлива. Имунитет на стадо се постигнува тогаш кога одреден дел од популацијата е вакциниран против патогенот или ја преболел инфекцијата.

Дали тоа е остварливо кога е во прашање Ковид-19 поради постојаната појава на позаразни варијанти, останува отворено прашање.

„Ако прашањето гласи `дали со вакцинирањето ќе ја контролираме пандемијата` одговорот е негативен“, вели францускиот епидемиолог Мирсеа Софонеа, професор на универзитетот во Монпеље.

Тој вели дека колективниот имунитет зависи од два темелни фактори.

„Тоа се заразноста на вирусот и делотворноста на вакцините да штитат од инфекција. Во овој момент таа ефикасност ја нема“.

Многу едноставна математика

Делта сојот грубо е 60 отсто попренослива од алфа варијантата и двојно позаразна од изворниот сој кој се појави на крајот на 2019 година.

Колку вирусот е поделотворен во ширење на заразата, толку прагот за имунитет на стадо повеќе расте.

„Теоретски, тоа е многу едноставна математика“, вели епидемиологот Антоан Флау, директор на францускиот Институт за јавно здравје.

Изворната варијанта на корона вирусот имаше репродукциска стапка меѓу 0 и 3, што значи едно заразено лице може да зарази три други. Да останеше така, имунитет на стадо ќе постигневме по вакцинирањето на 66 отсто од луѓето, појаснува Флау.

„Но, ако репродукциската стапка е осум, како кај делта варијантата, тоа нѐ приближува до бројката од 90 отсто“, појаснува.

Сѐ наведено важи под услов вакцините да се 100 отсто успешни во сопирањето на делтата, а за жал, знаеме дека не се.

Треба повеќе од 100 отсто вакцинирани, а тоа е невозможно

Според податоците на американските научници, вакцините на „Фајзер“ и на „Модерна“ во спречувањето на заразата падна од 91 на 66 отсто откако делатата стана доминантна варијанта.

А бидејќи студиите покажаа дека имунитетот на стадо стекнат со вакцинирање сам по себе опаѓа со време, неколку земји веќе почнаа со вакцинирање со трета бустер доза.

Земајќи го предвид сето тоа, Софонеа вели дека треба да се вакцинираат повеќе од 100 отсто од луѓето за да се сопре преносот на вирусот, што од очигледни причини не е можно.

„Делтата може да ги зарази и вакцинираните, а тоа значи дека секој кој не е вакциниран, во некој момент, ќе се сретне со вирусот.“

Сите пандемии завршуваат некогаш

Но, дури и ако таа митска цел за колективен имунитет не е повеќе во игра, стручњаците велат дека вакцинацијата е најважна. Вакцината неспорно овозможува одлична заштита од тешко заболување.

„Научниците препорачуваат да се вакцинираат што повеќе луѓе“, истакнува Флау и додава дека со тек на време сите пандемии завршуваат.

Софонеа вели дека сѐ уште е можно Ковид да стане еднемска болест, „но само со помош на вакцините“.

Предвидува дека и понатаму ќе треба да носиме маски и да одржуваме дистанца.

„Во текот на пандемијата од СИДА, кога научниците рекоа `користете кондоми`, многумина рекоа – `во ред, ќе користиме, некое време`“, потсетува Флау.

„А на крај продолжија да ги користат. И во овој случај може да се случи уште доста долго време да продолжиме да ги носиме маските на затворено и во јавниот превоз“, додава Флау.(Хина)