Дали „30“ може да биде последниот албум на Адел именуван по нејзината возраст? Еве што вели таа

САД- Чекањето заврши, бидејќи новиот албум на Адел, „30“, конечно излезе денес. Тоа е нејзиниот четврти албум насловен по возраста што ги напиша и ги сними песните, иако обожавателите на Адел знаат дека таа изјави со години дека ќе ја промени својата традиција на наслови по третата.
Што мисли таа за тоа?
„Па, една работа: ќе се премислувм цело време“, изјави таа за NPR во новото интервју. „И тоа е во ред. Можам да кажам: „Никогаш нема да го направам ова“ и „Никогаш нема да го направам тоа“. Но, дали ќе се случи тоа?“
Што се однесува до идните албуми, пејачката на „Easy on Me“ не вети дека нема да ги насловува идните албуми по возраста, таа опција останува отворена.
„Јас сум исто како и сите други на светот. Можам да се предомислам“, додаде таа. „И не морам да останам верна на нешто што го кажав – знаете, мислам дека возраста е многу добра идеја. И затоа сакам да продолжам со (годините). Или можеби не“.
Адел претходно ги издаде „19“ во 2008 година, „21“ во 2011 година и „25“ во 2015 година. Сега доаѓа „30“, нејзиниот прв нов албум по шест години.
Уште во 2015 година, таа зборуваше за откажување од именувањето на албумите по нејзината возраст.
„Мислам дека ова ќе биде мојата последна возраст“, му рече таа на водителот на Beats1, Зејн Лоу, пред објавувањето на „25“. „Сигурна сум дека грешам со ова, но чувствувам дека има голема промена во мене во последните неколку години“.
Таа го сподели истото чувство со водителот на „The Late Late Show“ Џејмс Корден за време на нејзиниот сегмент „Carpool Karaoke“ од 2016 година, велејќи дека силно верува во трилогиите.
Обожавателите врескаа за „30“ веќе некое време, особено откако го објави тизерот на „Easy on Me“ во октомври. Таа зборуваше за тоа како албумот, кој се врти околу нејзиниот развод од Сајмон Конецки и нивниот син Анџело (9), содржи говорна пошта што ја оставила додека имала напад на паника.
„Бев навистина исплашена. Имав напад на анксиозност и ѝ се јавив на мојата најдобра пријателка да се обидам да разговарам со неа за да ме смири, но таа немаше одговор“
Броеви или не, Адел е задоволна од нејзиниот најнов албум.
„Мислам дека тоа е дефинитивно мојот најличен и најранлив албум досега“, изјави таа за NPR. „… Размислував пред некој ден за „21“ – што не беше во ред со мене? Толку сериозно го сфаќав…тоа беше за дечко ми. Како по ѓаволите го напишав тој албум? (Тудеј)