Дајана Рос се враќа на сцената по 15 години со нов албум „Thank You“

САД- Легендарната поп-ѕвезда Дајана Рос се враќа, на 77-годишна возраст, со својот прв албум на нова музика во последните 15 години.
Пејачката ќе ја објави насловната песна од истоимениот албум „Thank You“ како сингл денес, а албумот ќе биде достапен наесен.
Рос го сними албумот во нејзиното домашно студио за време на локдаунот и рече дека 13-те песни пренесуваат порака на „среќа, благодарност и радост“.
„Оваа колекција на песни е мојот подарок за вас со благодарност и љубов. Вечно сум благодарна што во овој момент имав можност да ја снимам оваа славна музика.Оваа песна за љубовта ја посветувам на сите вас, слушатели. Додека го слушате мојот глас, го слушате и моето срце “, изјави таа.
Последниот студиски албум на Рос беше „I Love You“ објавен во 2006 година.
Поранешната пејачка на „Сјупримс“ собра познатитекстописци за овој проект, кои се најпознати по работата со млади sвезди. Тоа се Џек Антоноф, кој работел со Лорд и Лана Дел Реј; Џими Неапс, соработник на Сем Смит, и Принс Чарлз, кој ко-пишувал песни за Ријана.
„Thank You“ ќе биде првиот албум на Рос на „Дека рекордс“, британската етикета основана во 1929 година, за која снимале и Ширли Бејзи и Андреа Бочели.
Дајана Рос одржа специјален настап на Греми наградите во 2019 година, по повод нејзиниот 75-ти роденден. Седум години порано, таа беше наградена со Греми за животно дело. (Телеграф)