Цуцковски за актуелната светска оперска сцена, новитетите и јубилеите на 66.„Охридско лето“
Престижната културна манифестација „Охридско лето“ започнува на 12 јули, а свечено ќе ja отворат две големи оперски ѕвезди кои се во пикот на своите кариери, сопранот Ермонела Јахо и тенорот Чарлс Кастраново, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет, под диригентската палка на виртуозниот италијански диригент Марко Боеми. Публиката ќе има можност да ужива во настапите на ансамблот „Алтус“, Камерниот оркестар на Националната опера и балет со изведби на дела од македонски композитори, како и на врвните македонски оперски пејачи, Ана и Игор Дурловски со оркестарот „Ајга“.
Годинава, новитети се блокот од четири џез-вечери, одбележувањето на 100. годишнината од раѓањето на македонската оперска примадона Ана Липша-Тофовиќ, а воведена е и програмата „Rising Stars“, преку која ќе им се овозможи на младите и талентирани уметници дополнително да се надградуваат, да воспоставуваат професионални контакти и да работат на развојот на својата меѓународна кариера.
М-р Ѓорѓи Цуцковски, директор на „Оxридско лето“, тенор и првенец на Националната опера и балет, во интервјуто за „Марили“ говори за комплексноста, но и одговорноста што ја носи организацијата на „Охридско лето“, како и за тоа што значи настап на оваа манифестација за домашните, но и за интернационалните уметници.